Tинејџерка починала од алергиски шок откако конзумирала храна во локален ресторан додека била на одмор на првиот крак на Халкидики

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шеснаесетгодишна тинејџерка починала од алергиски шок откако конзумирала храна во локален ресторан додека била на одмор на првиот крак на Халкидики, јавуваат грчките медиуми.

Според првичните информации, тинејџерката отишла на ручек во ресторан и кога нарачала, прашала дали храната содржи состојка која и’ е забранета и на која е алергична. Според извештаите, од ресторанот ѝ кажале дека во јадењето што го нарачала ја нема таа состојка, па таа мирно го јадела својот оброк.

Откако го завршила ручекот, доживеала алергиски шок. Брзата помош пристигнала по 45 минути, но веќе било доцна.

Извршена е обдукција, а погребот на девојчето ќе биде денеска.

Share This Article