More

    Хакери бараат 44 милиони евра во Биткоини од ФЗОМ за да им ги вратат податоците,фирмата која го одржувала серверот на ФЗОМ не правела Бекап!!!

    spot_img

    Откуп од 2.000 биткоини бараат хакерите за да му ги вратат сите податоци на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), објави порталот МКД, повикувајќи се на свои неофицијални извори од оваа институција.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека таков податок немаат. Од Фондот, пак, уверуваат дека анализата на експертските технички тимови утврдила дека при сајбер нападот нема одлевање на податоци надвор од базите.

    Премиерот Димитар Ковачевски вчера откри дека се работи за хибридна војна која се води моментално во Европа.

    – Се работи за напад со „ransomware“. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави, особено членките на НАТО. Имаше сајбер напади во Албанија и во Црна Гора. Моментално тимовите на Министерството за здравство и ФЗОМ и други институции работат со експерти од Германија и од други партнерски држави за да се реши проблемот со хакерскиот напад во Фондот за здравство бидејќи моментално не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства по различни основи. Вчера разговарав со министерот за финансии да се најде начин во наредните денови ќе имаат решение, но свесен дека вработените немаат земено плата и имаат кредитни картички, разговаравме да се направи исплата преку централниот трезор, а потоа порамнување со трезорот во ФЗОМ. Сега и Министерството за финансии е вклучено. Се работи за комплексна операција. Апелирам сите вработени во здравството и корисниците на услугите на Фондот да имаат трпение, бидејќи вработените во Фондот деноноќно работат со цел проблемот да биде решен во корист на сите корисници. Преку вработените во ФЗОМ немаше застој на услугите, ги продолжија работните часови, ги сменија процедурите рачно да се процесираат барањата на осигурениците – изјави премиерот Ковачевски.

    Како што објави Телма, пак, фирмата која била ангажирана да го одржува системот на ФЗОМ, наводно не направила „бекап“, односно не направила копија од податоците.

    „Проблем е доколку од компјутерските системи или бази на податоци, при нивно одржување, не се прави редовно снимање на резервна база на податоците кои во ваков случај можат да се вратат за користење со што не би зависеле од уцената. За одржување на системот на ФЗОМ ангажирана е фирма која не направила резерва на податоците. Истото се случило и во Министерството за земјоделиe. Но, фирмата која таму го одржува тој систем претходно ги заштитила податоците. Корисниците на здравствени услуги стравуваат од злоупотреба на нивните лични податоци, а целиот здравствен систем функционира со огромни проблеми, односно не може да се исплаќаат ниту средства кои одат преку Фондот за породилни и останати боледувања. Незадоволството е големо и меѓу вработените во државното здравство кои останаа без плати, па најавија и протести за да дојдат до заработеното“, објави телевизијата.

    Според нашите пресметки, вредноста на 2.000 биткоини изнесува околу 44 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img