Тинејџер вооружен со 4 пиштоли пукал во матуранти во Вирџинија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тинејџер вооружн со 4 пиштоли синоќа отвори оган во Ричмонд, Вирџинија, додека стотици луѓе стоеја надвор во парк по матурска вечер, убивајќи две лица, а рани пет други, изјави привремениот началник на полицијата во градот, Рик Едвардс.

19-годишниот осомничен напаѓач се обидел да бега, но бил уапсен и ќе биде обвинет за убиство од втор степен, изјави началникот на полицијата во Ричмонд, Рик Едвардс

Тој на прес-конференцијата потврди дека се убиени двајца мажи, на возраст од 18 и 36, и се верува дека осомничениот  познавал најмалку една од жртвите.

Пет лица се ранети во пукотницата пред театарот каде што се одржуваше церемонијата и во блискиот парк.

Уште 12 лица се повредени во хаосот што настанал по пукањето, соопшти полицијата.

Полицијата на местото на настанот пронашла повеќе пиштоли.

Началникот на јавните училишта во Ричмонд, Џејсон Камрас, рече дека матурантите се фотографирале надвор од театарот со семејствата и пријателите кога напаѓачот ги нападнал.

 

Share This Article