More

    Тинејџер во Охајо испил 14 таблети бенадрил и починал

    spot_img

    Тинејџер од Охајо почина откако испи 14 таблети од лекот против алергија бенадрил учествувајќи во тн. предизвик на социјалната мрежа Тик-ток, пишуваат американски медиуми.

    Телото на Џејкоб Стивенс почнало да се грчи откако 13-годишното момче проголтало големо количество од лекот за алергија додека неговите пријатели снимале за да видат што ќе се случи.

    Бенадрил предизвик“ на Тик-ток ги повикува тинејџерите да голтаат таблети бенадрил, кој предизвика халуцинации, а потоа објавуваат видеа од нивното искуство на социјалните мрежи.

    Џејкоб итно бил префрлен во болница бидејќи неговото тело почнало да откажува, а неговото семејство се согласило да биде исклучен од апаратите за одржување откако поминал шест дена во кличичка смрт, без мозочна активност.

    – Тоа беше премногу за неговото тело. По скенирањето на мозокот немаше ништо. Тие рекоа дека можеме да го држиме на машина, може да лежи – но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш нема да дише, да се смее, да оди или да зборува – изјави таткото Џастин Стивенс за Еј-би-си 6.

    Татко вели дека ќе се посвети на тоа да ги предупредува младите и нивните родители за опасностите што се шират на социјалните мрежи. Тој самиот објави фотографии од Џејкоб на апарати за одржување во живот во болницата, за да ја прошири свеста.

    – Ќе направам сè што можам за да не се случува некои други деца и родители да поминуваат низ истото – вели таткото на Џејкоб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img