Двајца тинејџери биле избодени со нож во близина на училиште на западно предградие на Сиднеј. Едниот тинејџер загинал, а другиот се здобил со тешки рани и е пренесен во болница, објави британски Гардијан.
Полицијата била повикана околу 15.40 часот (05.40 GMT) по нападот со нож во близина на училиште во Дунсајд во западен Сиднеј. Дури и пред полицајците да стигнат на местото на настанот, двајцата тинејџери со убодни рани пристигнале во блиската полициска станица. Еден од нив починал во станицата.
Околностите за нападот првично биле нејасни.
Полицијата започна истрага и едно лице е уапсено, додека се трага по други осомничени.