More

    Нови правила за странските работници во ЕУ

    spot_img

    Европскиот совет денеска во крајна фаза ја одобри ревизијата на Директивата за единствена дозвола за работа и престој во ЕУ за државјаните на земји кои не се членки на Унијата, со која се утврдува административната процедура за добивање на документот и се одредени правата кои ги имаат работниците од трети држави.

    Целта на измените е да се привлечат стручно оспособени и талентирани кадри кои и се потребни на ЕУ и воедно да се надминат некои од недостатоците во однос на легалната миграција во Унијата. Со нив се скратува процедурата за аплицирање за дозволата и се зајакнуваат правата на работниците од странство.

    Согласно ревидираната Директива, надлежните органи треба да ја издадат дозволата или да го одбијат барањето за нејзино издавање во рок од 3 месеци од поднесувањето на пополнетата апликација. По исклучок, во случај на „сложени апликации“ овој краен рок може да биде продолжен за дополнителни 30 дена.

    Новина во Директивата е што лицата кои ќе добијат единствена дозвола ќе можат да го сменат работодавачот, кој бил основа за нејзино издавање, но за тоа треба да ги известат властите. На државите членки им се остава можност на национално ниво да регулираат минимален период во кој странскиот работник мора да работи кај работодавач кој бил гарант за издавање на дозволата.

    Со ревизијата се воведуваат и правила доколку странските работници што поседуваат единствена дозвола за работа и престој во ЕУ останат без работа. Ним им се дозволува да останат на територијата на земјата членка на која се наоѓаат најмногу 3 месеци во периодот на важност на дозволата или најмногу до 6 месеци доколку документот е одобрен пред повеќе од 2 години.

    Изменетата Директива ќе стапи во сила на 20-тиот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Унија. Земјите членки на ЕУ ќе имаат рок од две години да ги вметнат одредбите од Директивата во своите национални законодавства.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img