Социјалната мрежа ТикТок отсега ќе им дозволува само еден час пред екранот на малолетниците кои имаат сметки, односно на корисниците под 18 години. Компанијата вели дека консултирала академски истражувања и експерти за оваа одлука. Сепак, опцијата ќе може да се исклучи во поставките, пишува ИФЛ Наука. Ако ја исклучат опцијата и потоа поминат време од над 100 минути, самата апликација ќе им побара тие самите да си постават колку максимум време ќе поминуваат.
За корисниците пак кои имаат под 13 години времето ќе биде 30 минути, а за секои следни 30 минути нивните родители ќе треба да внесат пасворд.
Ќе има и опција за семејно користење ТикТок во пар.
– Семејното спарување е можност за родителите и тинејџерите да соработуваат за развивање на здрави онлајн навики. Тоа не е родителска контрола, тоа е родителска вклученост и можност родителите и тинејџерите да учат едни од други – изјави рече Лари Магид, претседател и извршен директор на ConnectSafely.