More

    Тежок верижен судар во Турција: Седум лица загинаа, 59 се повредени

    spot_img

    Десет лица загинаа, а 59 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале седум возила на делот Сакарија на автопатот Северен Мармара во Турција, јавува Anadolu Agency.

    Седум возила, од кои три автобуси и еден камион, учествувале во верижен судир на споменатиот автопат, во правец кон Истанбул.

    На местото на несреќата пристигнале бројни медицински екипи, противпожарни бригади и припадници на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

    Поради несреќата во прекин е сообраќајот во правец на Истанбул. Екипите почнаа да ги отстрануваат возилата од автопатот во област каде имаше густа магла. Сообраќајот е пренасочен кон автопатот Анадолија, а сообраќајот се одвива нормално по автопатот Северен Мармара во правец кон Анкара.

    Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на социјалните мрежи потврди дека десет лица загинале на местото на несреќата, а 59 се повредени, од кои осум потешко.

    Министерот за правда Јилмаз Тунч изјави дека е покрената истрага за тешката сообраќајна несреќа.

    Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз, го посети местото на несреќата и за новинарите изјави дека во верижниот судир учествувале седум возила.

    „Се проценува дека до несреќата дошло кога автомобилот удрил во камионот. Потоа го удриле други возила“, рече Карадениз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img