„Тежнее ли Курти по етнички чисто Косово?“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Косовската полиција го уапси српскиот политичар Александар Арсенијевиќ од партијата Српска демократија на север, откако, според полицијата, ги попречувал работниците во општина Северна Митровица и ги одбил полициските наредби, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата во изјава за неколку медиуми ја потврди заменик-началникот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељшани.

Запрашан од косовскиот портал на српски јазик КоССев каде се наоѓа Арсенијевиќ и што се случува, Ељшани одговорил дека најверојатно ќе биде одведен на сослушување во јужниот дел на Митровица, без натамошни објаснувања.

Арсенијевиќ е уапсен на плоштадот „Браќа Милиќ“, во близина на мосотот на реката Ибар, откако се обидел да ги спречи општинските работници да ги префарбаат српските знамиња исцртани на ѕидовите на тамошните објекти.

На истото место вчера се одржа собир на Србите од северно Косово, од кој беше побарано да не се отвора за возила, како што најавува Владата во Приштина дека ќе го стори тоа, мостот на Ибар, кој ги поврзува јужниот, населен со мнозинство Албанци, со северениот дел на Митровица, населен со српско мнозинство.

Во експресната реакција на денешното апсење на двајца Срби во Митровица, кои се спротивставија на сквернавењето на српските симболи, Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија оценува дека акцијата на тамошната полиција е „уште еден чекор во агендата за создавање на етнички чисто Косово, кон кое тежнее премиерот Аљбин Курти“.

Во соопштението на Канцеларијата се потсетува дека „Курти денеска нареди прво да се обои српската тробојка на местото посветено на мачеништвото на браќата Милиќ во Косовска Митровица“, каде што Србите вчера мирно протестираа поради намерата да го отворат мостот на Ибар, а потоа и косовската полиција „брутално уапси двајца Срби кои се спротивставија на сквернавењето на српските симболи“.

Притворот на политичките активисти Александар Арсенијевиќ и Стефан Вељковиќ „докажува дека Србите се во право кога се повеќе од загрижени за нивната безбедност и егзистенција на Косово и Метохија, особено во светлина на намерата да се отвори мостот на реката Ибар, кој денес се покажа како брутално приведување и одмазда, токму во близина на мостот“, наведуваат од владината Канцеларија.

Канцеларијата посочува дека истакнувањето на симболот на нацијата е цивилизациско и демократско богатство што е дозволено насекаде во светот, „само не во фашистичкиот провизориум што го создаде Албин Курти пред меѓународната заедница“.

- Advertisement -
Ad image

„Само претставниците на меѓународната заедница се прават дека не го гледаат и не слушаат и ја вртат главата од страдањето на Србите, криејќи се зад млаките и задоцнети соопштенија, наместо да ги извршуваат задачите што им се доделени на терен, што е заштита на Србите на кои им се заканува“, соопшти Канцеларијата.

Share This Article