„Добредојдовте во албанскиот главен град во Северна Македонија“.
Со оваа објава на Фејсбук, Билал Касами, градоначалникот на Тетово, ги пречека своите колеги од Косово и од Србија.
Објавата засега ја осуди само ЛДП.
Засега не е јасно дали Касами смета дека станува збор за албански главен град, што би подразбирало дека Македонија има еден македонски и еден албански главен град, или можеби Тетово го смета за главен град на Албанците во Македонија, при што тоа би значело дека Скопје не е нивен главен град.
Легитимно е и прашањето дали утре, кога ќе влезат во Уставот, Бугарите исто така ќе можат да прогласат свој главен град во Македонија?