При симнување од градски автобус, 69-годишна жена од Скопје била фатена од вратата по што паднала и се здобила со тешки телесни повреди.
„Во СВР Скопје вчера во 10:20 било пријавено дека на булевар „Партизански Одреди“, Т. А. (69) од Скопје, при симнување од градски автобус била фатена од вратата по што паднала. Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.