Лани биле одбиени 26,29% од барањата за виза за САД од апликанти од Македонија, покажуваат статистичките податоци објавени на официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент.
Во официјалниот документ се наведува дека речиси 20% барања за виза за САД биле одбиени од Босна и Херцеговина, 5,56% од Хрватска, 13, 47% од Словенија, 19,45% од Србија, 17, 93% од Косово, 27,55% од Албанија и 34% од Црна Гора.
На објавениот список има и земји со нула проценти односно на оние на кои не им било одбиено ниту едно барање или дури не побарале виза. Тоа се Андора, Сан Марино, Северна Кореја, Монако и Маршалските Острови.
Од барањата за виза за САД биле одбиени и 3,66% од Аргентина, Австрија– 6,97%, Барбадос 6,55%, Брунеи 5,41%, Швајцарија 3,05%, Папуа Нова Гвинеја 4,93%, Гватемала 5,45%, Исланд 3,24%, Израел 2,27%, Тајван 4,56%.
Единствената земја на која се одбиени сите барања за американска виза е Микронезија со 100%, а потоа следи Мавританија со 89%.
Меѓу земјите со висок процент на одбиени визи се Сенегал со 66%, Авганистан 52%, Бурунди 69%, Канада 58%, Чад 69%, Куба 56%, Џибути 74%, Науру 66%, Гвинеја Бисао 61%, Иран 54%, Руанда 62%, Јемен 56%.