Пуштен е сообраќајот на патот Делчево – М.Каменица, кој поради сообраќајка на две возила беше во прекин од 19 до 21 часот. Во сообраќајката едно лице е потешко повредено, но е вон животнa опасност. Лицето кое има скршеници на коски, е пренесено на понатамошно лекување во клиничка болница Штип.
Во двете возила, кои учествувале во несреќата, се наоѓале и други лица кои имаат полесни повреди и не се задржани во делчевската Итна помош.
Сообраќајната несреќа се случила околу 18:30 часот. На местото на настанот увид изврши екипа на МВР Делчево, од каде повеќе детали за причините за несреќата најавија за утре.

 
							 
								 
			

 


 
                                
                             















 
		 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		