Вечерва околу 20 часот на магистралниот пат Охрид – Ресен, кај местото викано Прентов мост, се случи тешка сообаќајна незгода, кога мотоциклист кој управувал крос мотор изгубил конторла и удрил во патничко моторно возило.
При судирот, мотоциклистот погинал на лице место, но засега идентитетот е непознат од причини како што дознаваме деха погинатото лице не поседувало документи во него. МВР работи на утврдување на идентитетот.
Сообраќајот на патот Охрид – Ресен моментално е во прекин, а екипи на МВР вршат увид на лице место.