Тешка собраќајна незгода на излез од Битола ,едно починато лице и дваесет повредени лица

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Едно лице загина, а дваесетина се повредени при судир на автомобил со комбе кое превезуваше работници. Оваа тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на излезот од Битола, кон Демир Хисар. На местото на несреќата животот го изгуби возачот на автомобилот, совозачот се здоби со тешки телесни повреди, а има повредени меѓу работниците кои се превезуваа со комби возилото.

Противпожарната единица од Битола учествуваше во извлекување на жртвата и повредените со две екипи

Од Клиничката болница велат дека кај нив на преглед се јавиле вкупно 20 пациенти, од кои 13 на ортопедија со полесни повреди и нема хоспиталзирани. 4 пациенти се пратени на неврохирургија и тројца на хирургија. Во тек се испитувањата, но засега ниту еден од нив не е во животозагрозувачка состојба.

На сите лица повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на излезот од Битола, им е пружена итна медицинска помош, изјави за МИА, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Повредените лица се чувствуваат добро, а дел се пуштени на домашно лекување, потврди Ивановска.

– Веднаш интервениравме. Во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица кај нив е изврешено компјутерско снимање, а по добиените резултати ќе се препорача лекарска помош. Попладнево мобилни се и лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во сообраќајката и врз истите е извршено компјутерско снимање. Сите лица се надвор од животна опасност – изјави за МИА, Ивановска.

Увидот за оваа тешка сообраќајна несреќа се уште е во тек.

Share This Article