More

    Терористички напад во Милано

    spot_img

    Едно лице загина, а најмалку четири други се повредени, од кои дел потешко, во напад со нож во супермаркет во Милано, северна Италија, објавуваат локални медиуми. Полицијата уапси 46-годишен Италијанец, кој е осомничен за нападот, јавува агенцијата ЛаПрес.

    Нападот се случил во супермаркетот „Карфур” во близина на Милано, на северот на Италија. Едно од ранетите лица во супермаркетот починало на пат кон болница. Меѓу повредените е и шпанскиот фудбалер Пабло Мари, кој е позајмен во клубот Монца од Арсенал, јавуваат агенциите. Мотивот за нападот не е познат, а италијанските власти испитуваат дали станува збор за тероризам.

    Би-би-си наведува дека Мари (29) му се приклучи на Арсенал од бразилскиот Фламенго во јануари 2020 година, а за клубот од Лондон одигра само 19 натпревари и моментално е на позајмица во италијанскиот клуб Монца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img