Во СВР Скопје синоќа малку пред полноќ било пријавено дека во село Рашче, скопско, се случила физичка пресметка помеѓу Е.Б. (18) од село Рашче од една страна и тројца малолетници и М.Х.(18), од друга страна.
Во пресметката Е.Б. со остар предмет им нанел повреди на двајца малолетници.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира МВР во билтенот.