Тензиите во светот предизвикаа рекордни нарачки во одбранбениот сектор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Портфолиото на нарачки на најголемите светски компании во одбранбениот сектор во 2022 година пораснал за речиси 10%, достигнувајќи рекордни показатели, соопшти синоќа весникот „Фајненшал тајмс“.

Ова се објаснува со зголемените геополитички тензии во светот, вклучувајќи ги конфликтите во Украина и Израел. Во заднина на зголемениот број жаришта во светот, акциите на одбранбените компании покажуваат висок раст, дознава весникот.

Весникот направи анализа на показателите на 15 одбранбени групи, вклучувајќи ги и најкрупните компании во САД, БАЕ Системс (BAE Systems) и Хоува Ероспејс (Hohwa Aerоpspace). Според анализата, кон крајот на 2022 година, период за кој има целосна статистика, нивното општо портфолио на нарачки се зголемило до 778 милијарди долари. Две години пред тој период, бројките биле 701 милијарда долари.
Во анаклизата се наведѕва дека оваа тенденција продолжила и во 2023 година. За првото полугодие годинава вкупното портфолио на нарачки на овие две компании се искачило до 764 милијарди долари.

Во заднина на конфликтите во Украина и војната меѓу Израел и Хамас, акциите на одбранбените компании покажуваат висок раст.

Taка на пример, акциите на американската финансиска група MSCI пораснале за 25%, а европскиот воздушно-вселенски индекс Stoxx во изминатите 12 месеци пораснал за 50%. Интересот на инвеститорите е благодарејќи на нивната увереност во тоа дека високите трошици на владите за нарачки во одбранате ќе продолжат.

Share This Article