More

    Движењето за отцепување во американската „сина“ држава Калифорнија сака национален развод за да се избегне „граѓанска војна“ во САД, додека државата Њу Хемпшир на крајниот север исто така има големи повици од нејзините граѓани за отцепување

    spot_img

    Движењето за отцепување во американската „сина“ држава Калифорнија сака национален развод за да се избегне „граѓанска војна“ во САД, додека државата Њу Хемпшир на крајниот север исто така има големи повици од нејзините граѓани за отцепување, пишува Њузвик.

    Информациите доаѓаат во време кога стотици илјади Американци протестираат на границата на „црвената“ држава Тексас со Мексико поради проблемите со илегалната миграција, а гувернерот Грег Абот ги извади тенковите на улица. Тексас има долга историја на п

    Во случајот со Калифорнија движењето за отцепување „Да Калифорнија“ добило подршка од 92.000 луѓе за својата кампања за отцепување на дел од државата долж централниот брег и кај заливот Сан Франциско, дел кој кампањата предвидува да прерасне во нова независна држава по име Пацифика. Сепак, пишува „Њузвик“, не е познато дали поддржувачите на интернет се граѓани на Калифорнија.

    – Нашето верување е дека расте политичкото насилство и политички проблеми во земјата што може да доведат до борби на улиците, граѓанска војна, исто така, некои луѓе повикуваат. Се обидуваме да ја предложиме идејата за потенцијално правење некој вид национален развод…за да се избегне таков тип на ситуација – изјавил за Њузвик Луис Маринели, актуелен претседател на движењето.

    Сепак, прашање е колку е легално овие американски држави да се отепцат. Според случајот на Врховниот суд од 1869 година, Тексас против Вајт , поединечните држави не можат еднострано да одлучат да ја напуштат унијата. Во неделата, претседателскиот кандидат на Републиканската партија во 2024 година, Ники Хејли, ги разгледа повиците за отцепување на Тексас коментирајќи за Си-Ен-Ен дека „Уставот не го дозволува тоа“.

    Во случајот со Њу Хемпшир, државата има уставен амандман кој предвидува дека ако долгот на сојузната влада на САД надмине 40 трилиони долари Њу Хемпшир ќе прогласи независност. Моментално вкупниот државен долг на САД надминува 34 трилиони долари.

    Претседателот на движењето „Да Калифорнија“ изрази поддршка за Њу Хемпшир.

    Зборот „национален развод“ за првпат го употреби пратеничката Марџори Тејлор Грин од редовите на Републиканците во државата Џорџија. Таа лани во февруари напиша дека ваквата поделба на сини и црвени републики е потребна за да се избегне граѓанска војна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img