Температури до минус 31, снег над два метри! Романија ја стегна тешка зима

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во оваа зима во Романија е измерена најниска температура од минус 31 степен. Толку покажаа термометрите во четвртокот наутро во местото Инторсура Бузулуи – објавуаат романските портали.

Областа е позната и како „Малиот Сибир“ поради екстремно ниските температури што се евидентираат таму секоја година. На 8 јануари 2015 година беа забележани минус 34,6 Целзиусови степени, а на 10 јануари 2017 година минус 32.

Вчерашниот ден беше вториот најстуден ден во Романија од почетокот на зимата. Минус 18 степени покажаа термометрите во Сибиу, минус 13 на планината Фагураш и во регионот на езерото Балија. Таму има наталожено најмногу снег, дури до 237 сантиметри. Ризикот од лавини во областа останува многу висок.

До понеделник времето ќе биде студено. За време на викендот се очекуваат нови врнежи од снег, прогнозираат синоптичарите во Романија.

Share This Article