More

    Температурата во Иран достигна 50 степени, има и смртни случаи

    spot_img

    Во градовите Зехек и Хирманд во иранската провинција Систан-Балучистан измерени се 50 степени Целзиусови, јавува Анадолија.

    Според иранската официјална агенција ИРНА, генералниот директор за метеорологија на Систан-Балучистан, Мухсин Хајдари, изјави дека градовите Зехек и Хирманд се најтопли во земјата со температури до 50 степени.

    Во Захидан, административниот центар на покраината, измерени се 42 степени.

    Хајдари истакна дека температурата на воздухот ќе опадне од понеделник со засилување на ветерот.Тој ги предупреди граѓаните да не излегуваат на отворено непотребно и да избегнуваат сообраќај при намалена видливост.

    Генералниот директор за управување со кризи во Систан-Балучистан, Маџид Мохиби, исто така објави дека повеќе од илјада луѓе се префрлени во болници и медицински центри поради прашината што ја понесе невремето во градовите Забул, Зехек, Хамун, Хирманд и Нимруз.

    Тој потврди дека едно лице починало.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img