Како што пренесуваат британските медиуми, погребот на британската музичка ѕвезда Лиам Пејн ќе се одржи идната недела, а телото на поранешниот член на „Уан дирекшн“ ќе биде пренесено назад во Велика Британија во следните 48 часа.
Најдоцна до среда телото на Лиам треба да биде во Велика Британија, а погребот да се изврши во катедралата „Св. Павле“ во Вулверхемптон, пренесува „Сан“.
Телото на Лиам беше привремено сместено на британските гробишта во Буенос Аирес два дена по неговата смрт, додека локалните власти спроведоа истрага за околностите на неговиот пад. Овие гробишта биле основани од страна на британската заедница во Аргентина во 19. век за да обезбеди погребно место за своите членови.
Да потсетиме, јавноста и фановите на „Уан дирекшн“ неодамна беа погодени од веста за смртта на Лиам Пејн. Британскиот пејач почина во Буенос Аирес. Тој беше пронајден мртов пред хотелот „КасаСур“ во луксузниот кварт Палермо, откако паднал од третиот кат. Тој починал на лице место од повеќе повреди, меѓу кои и фрактура на черепот.