More

    Телма објави видео од тројца маскирани како го подметнуваат пожарот во кафе барот „Барон“

    spot_img

    На видеото што го објави Телма се гледа дека тројца маскирани вчера рано наутро се приближуваат до објектот и го подметнуваат пожарот во кафе барот „Барон“ во Чаир.

    Кафулето има исто име како скопската криминална група Барон чии припаднци соработуваат со групата Беланоца и се во отворена улична војна со криминалните групи Дуќанџик/Грчец.

    На снимката се гледа како еден од маскираните со тврд предмет ја крши влезната врата на кафе барот. Другите двајца влегуваат внатре со туба во рацете. А водачот останува надвор и чува стража гледајќи кон улицата.

    Откако ја разлеваат запалливата материја внатре, двајцата маскирани излегуваат и нивниот водач ја потпалува течноста со запалка. Влезот на објектот почнува да гори, потпалувачот за малку избегнува да биде запален и тројцата маскирани бегаат. Сѐ се случува за половина минута.

    Пожарникарите интервенирале околу 4 часот наутро и по 40-минутна интервенција го изгаснале пожарот.

    Неколку часа по пожарот е застрелан Зелкиф Туша, таткото на притворениот Гани Туша кој е осомничен за учество во убиствата на припадници на кланот Грчец во Шиша Бар и на Халкидики. Гани Туша е припадник на бандата Барон. Обвинителството истражува поврзаност на пожарот и убиството на Зелкиф Туша.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img