Телефонски разговор на Џинпинг со Путин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кинескиот претседател Си Џинпинг за време на денешниот телефонски разговор му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека сите страни треба да работат на решавање на кризата во Украина „на одговорен начин“, јави кинеската државна телевизија ЦТВ.

Според Си, кинеските власти се подготвени да ја поддржат Русија во решавањето на клучните прашања поврзани со заштитата на суверенитетот и со националната безбедност.

– Кина е подготвена за поблиска стратешка соработка со Русија, подготвена да обезбеди меѓусебна поддршка, имајќи ги предвид клучните интереси на двете страни во однос на суверенитетот и националната безбедност, рече кинескиот лидер.
За време на разговорот, кинескиот претседател ја повтори подготвеноста на Кина да помогне во решавањето на ситуацијата во Украина.

– Кина е подготвена да продолжи да ја игра својата конструктивна улога, рече Си и објасни дека Кина зазема независен став за украинското прашање, „земајќи ги предвид фактите и историската реалност“.

– Ние активно придонесуваме за зачувување на мирот на глобално ниво. Придонесуваме и за одржување на стабилен економски поредок во светот, рече Си.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков потврди дека Путин и Си разговарале, но не кажа повеќе детали.

Share This Article