More

    Тела пронајдени под урнатините во Марсеј, неколку лица се уште се водат како исчезнати

    spot_img

    Спасувачите пронајдоа две тела под урнатините во француски Марсеј, пет лица се уште се водат како исчезнати. Четирикатницата се урна вчера, по експлозија. Причината за експлозијата се уште не е позната.

    Спасувачите пронајдоа две тела под урнатините на станбена зграда во Марсеј, Франција, која беше уништена од експлозија во неделата, а уште пет лица се водат како исчезнати, јавува денеска француската агенција АФП. Акцијата за спасување продолжува, бидејќи најмалку шест лица се уште се водат како исчезнати.

    Причината за експлозијата, во која четирикатницата целосно се урна, сè уште не е позната, но истражителите ја разгледуваат можноста дека тоа е резултат на истекување на гас, според АФП.

    Градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан денеска изјави дека се уште има надеж да се најдат преживеани под урнатините.

    Спасувачите работеле цела ноќ, им помагале и кучиња трагачи и кранови. Според пожарникарите работата многу им ја отежнала пожарот кој постојано горел под урнатините.

    Во моментот на експлозијата во неделата нешто по полноќ, според локален жител на приморската метропола, се се стресело. „Имаше чад насекаде, а зградата се урна на улица“, изјави тој за Франс прес.

    Повеќе од 100 пожарникари се бореа со пожарот што избувна по експлозијата. При уривањето на зградата оштетени се и соседните згради, а пет лица се повредени. Службите на Брзата помош укажале на уште 33 лица.

    Во 2018 година, осум лица загинаа во уривање на две згради во Марсеј. Тогашната несреќа во сиромашниот дел на градот предизвика големо незадоволство кај граѓаните. Жителите ги обвинија властите дека ги игнорираат предупредувањата за лошата состојба на зградите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img