Тектонски промени ја чекаат Германија поради војната!

Saso
By Saso 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Војната во Украина означува пресвртница и во германската политика.Многу стари верувања и принципи сега исчезнуваат, на многумина се гледа поинаку. ДВ носи преглед на работите кои се променија практично преку ноќ.

Повторно војна во Европа: Ова изненади многу луѓе во Германија. Германската политика не размислуваше за војна и стратегија. Со руската инвазија на Украина, тоа сега се менува.

НАОРУЖУВАЊЕ:
Во Германија самиот збор вооружување има негативна конотација со децении. Кој и да се вооружел брзо добил етикета на поттикнувач на војна. Тоа се смени за само неколку дена.

Офицерите на германската армија на Бундесверот постојано се жалеа на лоша опрема: хеликоптери, тенкови, бродови. Во време на мир, тоа обично одеше до едното уво на политичарите и јавноста, а излегуваше на другото.

На почетокот на оваа војна, генералот Алфонс Маис со немилосрдна искреност забележа: „Бундесверот е повеќе или помалку без ништо“.

Реорганизација на Бундестагот:
Стратезите сега ќе советуваат што точно ќе се купи со сите тие пари. На пример, се размислува за развој на нови тенкови и борбени авиони заедно со европските партнери, особено Франција.

Сигурно е дека Бундесверот ќе се преориентира. Пред 20 години тогашниот министер за одбрана Петер Штрук (СПД) рече: „Безбедноста на Сојузна Република Германија се брани и во Хиндукуш“.

Ова беше почеток на мисијата во Авганистан, а Бундесверот сè повеќе одеше во мисии далеку од дома, бидејќи се веруваше дека и самата Германија е безбедна.

Сега мисијата во Авганистан замина во историјата, а крајот на мисијата во Мали е неминовен. Во исто време, се добива впечаток дека територијата на НАТО е под непосредна закана, а можеби дури и самата Германија. Затоа, не е ни чудо што фокусот е повторно на првобитната цел на Бундесверот – националната одбрана.

- Advertisement -
Ad image

БУЏТ за одбрана
Сто милијарди евра за вооружените сили се еднократен трошок. Но, трошоците за одбраната ќе се зголемуваат постојано. Со години НАТО, а пред се водечката нација во Соединетите Држави, бара од Берлин да ги зголеми трошоците за одбрана. Членките на НАТО си поставија цел да потрошат најмалку два отсто од бруто домашниот производ за одбрана. Со околу 1,5 отсто Германија е се уште далеку од таа цел, а со години е уште помалку.

Пред се, СПД, Зелените и Левицата одбија да ги зголемат трошоците за одбрана. За ова нема ништо ниту во коалицискиот договор на оваа Влада. Но, сега канцеларот Олаф Шолц дури и ќе ја надмине целта. Германија „од сега па натаму – од година во година – ќе инвестира повеќе од два отсто од бруто домашниот производ во својата одбрана“.

Оружје за помош на Украина
Извозот на германско оружје во конфликтните зони беше табу, особено за Зелените. Факт е дека партијата, која произлезе од мировното движење од 1980-тите, долго ги поддржуваше мировните мисии на Бундесверот, но секогаш се залагаше за рестриктивна политика за извоз на оружје.

- Advertisement -
Ad image

Актуелниот министер за економија Роберт Хабек предизвика голема конфузија кога, по посетата на Украина минатата година, предложи да се снабди земјата со одбранбено оружје. До пред неколку дена, понудата од 5.000 шлемови беше најмногу што федералната влада беше подготвена да испрати.

Сега ѝ се доставува оружје на Украина, вклучувајќи илјада противтенковско оружје и петстотини противвоздушни проектили. „Не може да има друг одговор на агресијата на Путин“, рече канцеларот Шолц. И министерката за надворешни работи на Зелените, Аналена Баербок, во Бундестагот истакна дека, и покрај потребната воздржаност во политиката за извоз на оружје, Украина „не смее да остане без одбрана против агресорот кој носи смрт и уништување на оваа земја“.

Помала зависност од рускиот гас и нафта
Германија е многу повеќе зависна од руската енергија отколку што сака владата. Повеќе од половина од природниот гас и повеќе од 40 отсто од нафтата доаѓаат од Русија. Сега треба да се намалат и двете. Но, потребно е време.

Германската влада веќе сака значително да ги прошири обновливите извори на енергија, но во исто време постепено да го укине производството на електрична енергија со користење на јаглен и нуклеарна енергија. Проблем: кога не дува ветер и кога сонцето не сјае, треба да помогнат новите електрани на гас.

За да се спречи натамошната зависност од рускиот гас, сега се планира изградба на терминал за течен гас – кој ќе доаѓа на пример од САД. Дополнително, Владата ја разгледува можноста нуклеарните централи кои се уште работат и некои електрани на јаглен да работат подолго од првично планираното. Ова е особено горчливо за Зелените, бидејќи сакаат што поскоро да се откажат од нуклеарната енергија и употребата на јаглен. Но, „нема табуа“, вели министерот Хабек.

Повисоко задолжување
Вооружувањето, но и реорганизацијата на енергетската политика чини многу пари, пари кои ги нема во буџетот. Затоа федералната влада планира дополнително задолжување.

Германија веќе подигна големи заеми поради пандемијата на коронавирус. Сега либералниот министер за финансии Кристијан Линднер исто така се залага за оваа политика. Иако како опозициски политичар секогаш беше против ново задолжување.

Украинските бегалци добредојдени во Германија
Релативно малку ќе се промени во Германија кога станува збор за прием на бегалци. На крајот на краиштата, Германија веќе со великодушност постави стандарди за време на големиот бегалски бран во 2015 година, но предизвика и голем отпор дома и во странство, пренесува ДВ.

Овој пат, министерката за внатрешни работи Ненси Фезер и нејзините колеги ширум ЕУ се согласија да го олеснат приемот на украинските бегалци – досега ова секогаш беше жестока точка на расправија во ЕУ. „Бегалците од Украина не мора да поминат низ процедурата за азил. Во ЕУ тие добиваат заштита до три години“.

Share This Article