Таткото на 2-годишната Данка Илиќ која исчезна на 26 март во областа Банско Поље кај Бор, Милош Илиќ, се огласи по денешното сослушување, шокиран од изјавите на осомничените за убиство на неговата ќерка.
Дејан Драгијевиќ, осомничен за убиство на девојчето во Бањско Поље, иако претходно призна дека го убил девојчето, сега ги негира сите обвинувања против него. Откако ги изнесе личните податоци и деталите за движењата на кобниот ден за малата Данка, Драгијевиќ го смени исказот, тврдејќи дека не ја убил, ниту пак ја видел на патот во Бањско Поље.
Уште поголем скандал на денешното судење е тоа што изјавил дека не ја давел ниту ја ставил во автомобил, ниту дека телото го фрлил на депонија.
Оваа драматична промена во изјавата на осомничениот предизвикува дополнително внимание во јавноста и остава отворени многу прашања.
По оваа информација која ја пренесоа медиумите, таткото на Данка Илиќ, Милош се огласи за Република.рс
– Ете гледате проста работа, да не речам селска. А тие адвокати што ги учат што да прават за ваков случај треба да се срамат од дипломите. Сè ќе излезе на виделина кога-тогаш! – изјави таткото на Данка.
Да потсетиме, Дејан Драгијевиќ, еден од осомничените за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ донесен е во Вишото јавно обвинителство во Заечар и денеска треба да биде вторпат на распит.
Ново рочиште било закажано по барање на осомничениот, кој по приведувањето во обвинителството признал дека заедно со Срѓан Јанковиќ го удриле девојчето со службениот автомобил, ја ставиле во автомобилот и нејзиното тело го фрлиле на депонија.
Другиот осомничен за ова дело, Срѓан Јанковиќ, неодамна на повторено рочиште исто така негирал дека го убил девојчето, а по апсењето се бранеше со молчење.
Во овој случај, покрај Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничен е и таткото на Дејан поради сомневање дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ се во притвор, а Радослав Драгијевиќ, татко на осомничениот Дејан, неодамна беше пуштен да се брани од слобода.
Братот на Дејан, Далибор Драгојевиќ, почина на 7 април во просториите на полициското одделение во Бор при приведување.
2-годишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа ја убиле и нејзиното тело го фрлиле.
Телото на девојчето сè уште не е пронајдено.