Таткото на Коста К. даде исказ, неговата сестра не престанува да плаче

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Таткото на напаѓачот Коста К. од Врачар на испрашување во полицијата рече дека не знае како син му ги дознал шифрите од сефот каде тој чувал пушки и пиштоли за кои имал дозвола. Тој призна дека го однел син му на стрелиште кога имал 12 години и дека Коста му рекол дека се чувствува отфрлен и дека не се вклопувал во општеството, пишува српски Информер.

Таткото вели дека не заебележал ништо необично. На него му е одредена мерка притвор од 48 часа. Исказ во полиција дала и мајката.

Коста К. вчера беше прислушан во присуство на мајка му и бил мирен за време на разговорот. Рацете не му се треселе. Тој потоа им бил предаден на работниците во Центарот за социјална работа. Таму, според началникот на белградската полиција, момчето изјавило дека се чувствувало игнорирано од општеството и исклучено во социјалниот живот и дека тоа го навело да го стори чинот.

Во убиството во основното училиште Владислав Рибникар Коста К. застрела 8 соученици, чувар, а рани уште 7 лица. Сите жртви биле погодени со еден куршум, тој бил неверојатно прецизен. Неговите соученици велат дека тој „полудел“ затоа што добил единица по математика, а бил петкаш кој одел по натпревари и сакал да стане астрофизичар.

Можам само да го кажам најдоброто за мојот колега доктор

Таткото на Коста К. бил познат радиолог. Негов колега д-р Милован Бојиќ, директор на Заводот за кардиоваскуларни болсети „Дедиње“ кој две години работел со него изјави дека е шокиран од настанот, но дека нема лоши зборови за таткото.

– Не можам да се вразумам, не разбирам што се случи. Можам да кажам најдобро за таткото на тоа момче. Тој е одличен лекар и човек. И можам да го кажам само најдоброто за мојот колега доктор – извонреден човек и професионалец, имаше одличен однос кон колегите и кон пациентите. До пред две години работеше со нас, во животот не сум го видел детето – раскажува Бојиќ за Курир.

Сестрата на момчето не престанува да плаче

Десетгодишната сестра на момчето (13) била во соседна училница за време на масакрот.

„Помладата сестра на момчето-убиецот е во многу тешка состојба, не престанува да плаче, била на училиште кога се случило сè и знае сè… Префрлена е во семејството на блиски роднини каде ќе остане до понатамошна најава.Обезбедена и е стручна поддршка од психолог, педагози, лекари“, велат од надлежната социјална служба.

- Advertisement -
Ad image

Не знам зошто моето име беше на списокот

Едно момче кое успеа да го избегне масакрот се прашува зошто неговото име било на списокот.

– Не знам зошто моето име беше на списокот, се прашувам. Целото училиште ме знае, но јас не го познавав него, го познавав само од видување. Познавам некои деца кои беа убиени. Моите двајца пријатели се исто така на списокот, но тој за среќа не ги застрела нив. Сите сме многу потресени. Ова е трагедија – изјави тој за Информер.

Свеќи и молк за жртвите, голема жалост во Србија

Ученици, наставници, родители, граѓани и јавни личности вечерва се собраа пред училиштето, а меѓу нив имаше и ученици кои се најдоа на списокот за убиство, но за среќа успеаја да ја избегнат трагедијата.

- Advertisement -
Ad image

Им беше оддадена почит на жртвите, запалени беа свеќи и оставени беа играчки.

На Цветниот плоштад, кој се наоѓа во близина на тоа училиште, се собраа неколку илјади луѓе. Потоа повеќе илјади лица спонтано дојдоа во Министерството за образование каде бараа оставка од министерот за образование Бранко Ружиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

На Врачар граѓаните им оддадоа почит на жртвите, положија цвеќе, запалија свеќи и оставија играчки, а она што беше забележително беше – тишината.

Во земјата се предвидени строги казни за прекршување на тридневната жалост во медиумите.

Ова е имитацијата на западните општества

Министерот за образование Бранко Ружиќ вчеравечер изјави дека никој не очекувал инциденти како нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, но дека министерството и државата во иднина секојдневно ќе преземаат мерки за спречување на вакви настани.

– Ова е еден случај кој потсетува на имитација на оние случаи што се случуваат во некои западни општества, но и во Крим, Русија, Азија, Австралија … Тие ја применуваат таканаречената мантра „copycat“ – изјави Ружиќ за РТС.

Министерот повтори дека немало пропусти во системот и додаде дека здравството и внатрешните работи и образовниот систем реагирале навремено.

– Тоа е она што е парадоксално. Ова е единствен случај, има многу случаи во кои има празнини во системот кога зборуваме за класично врсничко насилство, дигитално насилство, вербално насилство и други – рече тој.

Тој оцени дека длабинската анализа ќе даде одговори на сите овие прашања, но дека тоа нема да биде воопшто лесно.

Share This Article