More

    Таткото на Илон Маск, Ерол, рече дека му било побарано да ја донира својата сперма на „жени со висок статус“ во Колумбија, САД

    spot_img

    Таткото на Илон Маск, Ерол, рече дека му било побарано да ја донира својата сперма на „жени со висок статус“ во Колумбија, САД. Ерол, за кој медиумите претходно пишуваа дека изјавил дека поентата на нашиот живот на Земјата „е да се репродуцираме“, се чини дека ќе ја исполни својата „мисија“ откако една компанија побарала од него да донира сперма.

    „Една компанија во Колумбија сака да донирам сперма за оплодување на колумбијки од висока класа, бидејќи тие велат: „Зошто да одат кај Илон кога можат да одат кај вистинската личност што го создала Илон?“, изјавил Ерол, пренесуваат британските медиуми.

    На прашањето дали би ја донирал својата сперма наместо да ја продава, тој одговорил „зошто да не?“

    Ерол е татко на седум деца – Илон, Кимбал, Тоска, близнаците Аша Роуз и Александра, Елиот и најновиот член на семејството, чие име не е откриено. Ерол неодамна откри дека добил второ бебе со неговата поќерка, Хана Безуденхот и дека го добил бебето со неа пред три години.

    Всушност, сите знаеја за првото бебе кое тој го имаше со Хана во 2018 година, девојче по име Елиот Раш, нагалено Руши, кое сега има пет години. Откако се родила Елиот тие живееле заедно во првите 18 месеци. Второто дете дошло непланирано.

    Ерол ја одгледал својата поќерка Хана, која е 41 година помлада од него. Хана имала четири години кога Ерол се оженил со нејзината мајка Хајде и со неа имал две деца, полубратот и полусестрата на Хана.

    Ерол за „Сан“ изјави дека верува дека второто бебе на Хана е негово, објаснувајќи:

    – Не сум ја проверил нејзината ДНК. Но, таа изгледа исто како и другите мои ќерки. Изгледа како Роуз и Тоска измешани. Таа изгледа исто како Руши и се однесува како неа. Значи, прилично е очигледно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img