Таткото на Боки: Здравјето на Боки не е добро, има речиси 10 проценти од желудникот, а има и други здравствени проблеми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српски „Блиц“ беше во домот на шоуменот Бoјан Јовановски познат како Боки 13, а неговиот татко Миле за првпат пред камерите проговори за својот син кој е во затвор.

– Ми недостига Боки. Неговото здравје не е добро, има речиси 10 проценти од желудникот, а има и други здравствени проблеми. Оваа влада го третира како да е најголемиот терорист во историјата. Катастрофа, тоа е страшно мачење. Тој нема услови таму. Треба да јаде по малку 8, 9 пати на ден. Тој бара да се одмори од казната, но тоа не му го даваат за да се опорави малку. Тој е инвалид на кој му треба помош – изјави Миле за „Блиц“.

Тој вели дека мајка му оди во посета.

– Боки е жив оган. Тој го прави она што никој не го знае и не може. Боки е осуден за пропаганда. Некој го искористил. Тој е во затвор, а другите се кријат. Смешно е, знаат сите граѓани. Марина додека беше жива доаѓаше и Фута. Кога дојде до тоа спектакуларно апсење, многу луѓе го напуштија. Немале докази, а го осудиле – вели Миле Јовановски.

Таткото на Боки 13 на крајот од интервјуто се расплакал и им порачал на луѓето кои сѐ уште го сакаат и поддржуваат неговиот син, дека Бојан ќе се врати од затвор како нов човек.

– Ја отвори таа телевизија, работеше беспрекорно. Тој сè уште ја сака музиката до ден-денес. Уште како дете почна да диригира. Се гледаше дека беше шоумен, имаше 10, 11 години. На 13 години ја донесе Руслана. Соседите го поздравуваат, сите го фалат, го охрабруваат да издржи. На луѓето кои го сакаат би им рекол „очекувајте го новиот Бојан“ – вели татко му.

Боки 13 е осуден во случајот „Рекет“, заедно со екс обвинителката од СЈО, Катица Јанева.

Share This Article