More

    Татко и син казнети со 200.000 долари поради обид за шверц на пеперутки

    spot_img

    Татко и син од Италија се казнети со 200.000 долари поради обид да прошверцуваат ендемични инсекти, вклучително и 92 видови пеперутки, од сафари парк во Шри Ланка.

    Според Би-Би-Си, полицијата ги уапсила Луиџи Ферари (68) и неговиот 28-годишен син Матија во националниот парк Јала, откако кај нив биле пронајдени тегли во кои имало пеперутки.

    Тие на почетокот на септември беа осудени за недозволено собирање, поседување и транспортирање на инсекти.

    Еден од чуварите на паркот, Ксујева Нишанта, изјави за Би-Би-Си дека на денот на инцидентот, возачот на сафари џипот ја известил својата екипа чувари дека „сомнителен автомобил“ бил паркиран на страната на патот и дека двајца мажи имале влегол во шумата со мрежи за инсекти.

    Ренџерите го лоцирале автомобилот и пронашле стотици тегли со инсекти.

    „Сите инсекти беа мртви кога ги најдовме. Ставиле хемикалија во камионите“, рече Нишанта.

    Двајцата обвинети може да бидат осудени на две години затвор доколку не ја платат казната до 24 септември.

    Италијанските медиуми јавуваат дека осомничените биле на одмор во Шри Ланка и се во притвор во таа земја откако се случил овој инцидент.

    Националниот парк Јала, кој се наоѓа на југоистокот на земјата, е еден од најпопуларните паркови за диви животни во Шри Ланка.

    Ферари, ортопедски хирург, е специјализиран за третман на повреди на стапалото и глуждот, а исто така е член на ентомолошката асоцијација во Модена, град во северна Италија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img