Таравари вели дека за барањата прво ќе се консултираат со амбасадите во земјава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

В.Д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во денешното интервју за РСЕ на прашањето дали пратениците од неговата партија ќе гласаат за уставните измени, рече дека за една недела „ќе биде објавено интересно барање како услов“ за кое прво ќе се зборува по странските амбасади.

– Ние ќе гласаме начелно меѓутоа ќе имаме услови. Што ќе биде нашиот услов е работа што идната недела ќе ја промовираме прво низ поважните амбасади низ Македонија, ќе кажеме што е нашиот главен услов, нормално вториот услов е од Уставот да се тргне терминот 20 проценти, практично да се користат како службени јазици и македонскиот и албанскиот. Но, првиот услов ќе биде многу интересен – изјави Таравари.

Лидерот на „Алијанса“ дотогаш нема да ги открива условите и додава дека се подготвени со „меѓународни пријатели“.

– Не, јас мислам дека треба прво да го кажеме пред нашите меѓународни пријатели, а тие услови се подготвени со меѓународни експерти, коишто ни дадоа и идеја и предлози што би било убаво за целата држава. Мислам дека тоа нема да може да се одбие од која било политичка партија во Македонија, вели тој.

Share This Article