More

    Таравари – Македонија е во подобра положба отколку пред 100 дена

    spot_img

    Арбен Таравари, лидер на Алијансата за Албанците (АА), тврди дека со неговата партија како дел од власта, Македонија се движи напред и има подобра положба за само сто дена по влегувањето на неговите кадри во институциите. Фалејќи се, зборуваше за надминувањето на кризата, како и дека ја стабилизирале државата. Посочи дека влезот во Владата било во координација со меѓународниот фактор.

    • „Денес, стојам пред вас како претседател на АА за да рефлектирам за достигнувањата и предизвиците во овие први 100 дена. Пред 100 дена земјата беше парализирана, имавме глобална економска и енергетска криза, имавме домашна криза на корупција и на уставни измени. Соочени со оваа парализа, беше неопходно да дејствуваме. Во координација со меѓународните пријатели решивме да станеме дел од Владата. Беше тешка одлука, но тоа го направивме за да ја стабилизираме државата и да обезбедиме перспектива за граѓаните, кои масовно ја напуштаат државата. Ете, времето докажува дека сме биле во право. Нашето учество во власта има многу ограничувања, пред сè, временски. Неоспорно, денес Македонија е во многу подобра положба отколку пред 100 дена“, вели Таравари.

    Таравари посочи дека неговите кадри изготвиле иницијатива за уставните измени, кои ќе одат во Собранието, па додаде: „Денес гордо можам да кажам дека Македонија се движи напред“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img