More

    Таравари ќе остане градоначалник ако треба да има локални избори

    spot_img

    Доколку треба да се оди на предвремени избори за градоначалник нема да ја прифатам министерската функција и не би било праведно кон граѓаните повторно да одат на избори, изјави гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на прашањето што го спречува да влезе во идниот владин кабинет.

    – Дилемата е дали вреди да се оди за една година двапати на избори? 35.000 луѓе во Гостивар да излезат да гласаат во ноември оваа година и во октомври следната година, мислам дека е нечесно. Така што, ако остане актуелниот Закон за локална самоуправа, јас ќе останам тука. Единствената причина што ме колеба е таа дека не би сакал граѓаните да ги малтретираме за неполна година двапати да излезат да гласаат – изјави Таравари по средбата со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

    Таравари појасни дека сè уште нема донесено дефинитивна одлука и дека тоа би го кажал во понеделник.

    Доколку стане министер, напомена дека би требало да го замени еден од советниците во општината, но смета дека претседавачот на Советот, Ваљбон Лимани, е добро решение за да продолжи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img