More

    Таравари, денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија за време на викендот од страна на заменик министерката за здравство, Маја Манолева, само со нејзиниот потпис, и дека ја одобрува таквата одлука

    spot_img

    Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија за време на викендот од страна на заменик министерката за здравство, Маја Манолева, само со нејзиниот потпис, и дека ја одобрува таквата одлука.

    – Јас мислам дека (заменик министерката за здравство, Маја Манолева) правилно постапила, по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), нормално го вратила стариот директор (Марјан Шокаровски). Јас мислам дека одлуката е во ред. Ќе видиме во периодот понатаму можеби ќе назначиме нови директори секаде – рече Таравари на новинарско прашање по посетата на Хируршките клиники, непосредно по преземањето на должноста.

    Министерот за здравство во заминување, Илир Демири, на крајот на мај го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, а како причина за разрешувањето меѓу другото ја наведе зголемената смртност на Клиниката.

    Шокаровски ги дематираше ваквите тврдења посочувајќи дека смртноста на државната Кардиохирургија е намалена, а обемот на операции зголемен. За неговото разрешување, изјави дека го смета за незаконско бидејќи изборниот процес сѐ уште трае.

    Антикорупциската комисија за случајот со Шокаровски утврди дека со неговото разрешување се прекршени Законот за спречувања на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита и оти е повреден Изборниот законик со оглед на тоа што решението за негово разрешување било донесено за време на изборниот процес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img