Талибанците им забрануваат образование на жените по 6-то одделение

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Учебната година во Авганистан денеска започна без милион девојчиња поради забраната на талибанската влада за девојчињата да посетуваат настава после шесто одделение.

Авганистан е единствената земја со ограничувања на образованието на жените, а Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека пред владеењето на Талибанците, околу 5 милиони девојчиња веќе не биле на училиште поради недистиг на капацитети и други причини, пишува Асошиејтед прес.

– Министерството за образование се обидува да го зголеми квалитетот на образованието во религиозните и во модерните науки што е можно повеќе – рече министерот за образование Абибула Ага на церемонијата по повод одбележувањето на новата учебна година, каде што беше забранет пристапот за новинарките поради „недостиг на погодни места“.

Ага ги повика учениците да избегнуваат да носат облека што не е во согласност со принципите на исламот.

Иако момчињата имаат пристап до образование, невладината организација „Хјуман рајтс воч“ во декември објави дека „навредливите“ образовни практики ги повредуваат момчињата во Авганистан и дека повеќето квалификувани наставници ги напуштиле училиштата поради „регресивните наставни програми“.

Share This Article