Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродром, па решила да им ги открие деталите на своите обожаватели, пренесува Њујорк пост.
Самопрогласениот „фанатик за пластична хирургија“, 36-годишната Фанг Киуан, има направено повеќе од 19 операции, а нејзината објава собра 1,3 милиони прегледи. Таа потрошила преку 250.000 долари на различни естетски зафати, вклучувајќи и 2 операции на челото, 5 на очните капаци, исто толку на носот, а и 2 операции на брадата.
Неодамна поминала низ читач на аеродром, кога машината „засвирела“. Не ѝ било јасно што се случува, додека не било утврдено дека има неколку „туѓи предмети“ во главата.
Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред 8 години. Но, тоа не било се.
– На видеото се гледаат и завртките во носот – рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду кукла“.
Нејзините обожаватели останаа шокирани од фотографиите кои ги објави на Инстаграм.
„Ова е тешко за гледање“, напиша еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.
Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.