Тајван соопшти оти најблиските острови ќе бидат први на удар

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека Кина започнала симулирани напади врз американски воени бродови. Тие додадоа дека Кина има за цел да ги спречи странските сили да му помогнат на Тајван во случај на војна, јавува Б92.

Тензиите меѓу Тајван и Кина се зголемија откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајпеј на почетокот на август, што наиде на остра осуда од Пекинг, кој смета дека нејзината посета е мешање во внатрешните работи на Кина.

Министерството за одбрана на Тајван во извештајот што го видел Ројтерс соопшти дека Кина продолжува да ја зајакнува борбената готовност за напад на островот. Во извештајот се додава дека фокусот на нападот е на првата група острови, кои се протегаат од Јапонија преку Тајван, Филипините и до Борнео, опфаќајќи ги крајбрежните води на Кина.

Исто така, Тајпеј тврди дека Кина користела воени вежби за да изврши симулирани напади врз американски бродови „кои влегуваат во првиот синџир на острови“.

Тајван досега двапати целеше и пукаше на кинески дронови велејќи дека ќе се одбрани. Плусинфо пишуваше дека властите двојно го зголемиле воениот буџет и планираат да нарачаат ХИМАРС и АТАКМС ракетни системи со дострел до 300 километри од САД. Во моментов, првите, ХИМАРС, кои имаат дострел од 80 километри ги корист Украина во војната со Русија.

Share This Article