Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи вечерва соопшти дека тој и неговата партија веќе нема се дел од Коалицијата „Европски фронт“.
– Сто дена се малку за да се анализира работата на една Влада. Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата организирана од „Европски фронт“ за стоте дена од владеењето на Владата е поради тоа што јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од Фронтот – рече Тачи вечерва во гостување на ТВ Клан Македонија.
Денеска, пак, координаторот на пратеничката група на Европски фронт, Блерим Беџети рече дека коалицијата функционира во полн состав, одговарајќи на новинарско прашање за наводите дека претстедателот на ДПА и пратеник, Мендух Тачи се повлекува од коалицијата.