Тачи преговарал со ВМРО-ДПМНЕ од името на Европски фронт

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерот на ДПА и пратеник Мендух Тачи синоќа изјави дека ВМРО-ДПМНЕ прво нему му ја понудила функцијата претседател на Собранието и дека тој бил главен преговарач во разговорите меѓу Европскиот фронт со ВМРО-ДПМНЕ за евентуална коалициска Влада.

– Јас бев главен преговарач на Фронтот кога отидовме на разговори со ВМРО-ДПМНЕ за оваа влада. Тема на средбата беа уставните измени и евроинтеграциите. ВМРО-ДПМНЕ ми понуди да станам претседател на Собранието. Тогаш на последната средба ми рекоа, можеш ли да се согласиш претседателот на Парламентот да биде Македонец? Ја кажаа приказната и средбата заврши – изјави Тачи во гостување на „Клан Македонија“.

Според него, актуелната Влада добила силен удар со фактот дека ЕУ ја одвои Македонија од Албанија на патот кон интеграција во ЕУ.

– Оваа влада имаше негативен однос кон евроинтеграцискиот процес, па постапките на претходната влада со потпишување мировни договори и проевропски настроени ги поттикнаа Македонците да гласаат за поранешниот националистички менталитет. Тие се покажаа против Договорот од Преспа, против други мировни договори, но сега видовме дека за оваа влада, одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ е најсилниот удар – изјави, меѓу другото, лидерот на ДПА кој вчера соопшти дека ја напушта коалицијата Европски фронт.

Share This Article