More

    Кавга меѓу власта и опозицијата за мерките за справување со кризата

    spot_img

    Сѐ она што Владата го презема сега, требала да го направи лани, смета пратеникот Бојан  Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој на денешната комисиска расправа во Собранието за продолжување на кризната состојба до 30 април 2023 година го оцени предлогот како добар, но задоцнет.

    – Требаше да најдете складишта за нафта или да се изградат нови, станици за втечување гас, алтернативни извори на енергија, мерки за зголемување на енергетска ефикасност во домовите и индустријата – рече Стојановски.

    На ова министерот за економија Крешник Бектеши му рече да даде конкретни предлози, а не да изнесува невистина и да блокира.

    – Вкупно 172 милиона евра се потрошени од државниот буџет за ублажување на кризните состојби, а не 450 милиони како што велите. Пред една недела, согласно владината одлука, се префрлени уште 50 милиони евра, што значи дека не се повеќе од 230 милиони евра. Не кажувајте невистини пред јавноста и пред вашите колеги кои знаат за што гласале – му рече Бектеши на Стојановски.

    – Србија троши 2,5 милиони евра за набавка на електрична енергија на отворениот пазар, Црна Гора три милиони, Албанија два, а Северна Македонија нула – додаде министерот.

    Бектеши напомена и дека земјава има складишта на нафта и државни резерви, но нема складишта за природен гас.

    – Мислев ќе дојдете со конкретен предлог за изградба на складишта за природен гас, зашто складишта за нафта и нафтени деривати имаме во доволни количини и тоа сите го знаат. Можеби ќе ве искара партискиот лидер Мицкоски за она што го кажавте околу енергетиката тука. Ова го велам зашто Осломеј не работеше неколку години, а сега целосно е ставен  во функција. Неколку години таму не се прави ископ на јаглен. Согласно Стратегијата за енергетика беше предвидено Осломеј да се затвори од минатата власт. Но, Стратегијата е ревидирана согласно случувањата и планот за производство на електрична енергија. Во наоѓалиштата во Битола само еден рудник беше отворен, Суводол. Пред година – година и пол се отвори и новиот рудник во рамки на Суводол, а во наредните денови ќе се отвори и Живојно. Што се направи во минатото за да се отвори Живојно? Немаше ни иницијатива. Ова е вистината за која може да доставиме и документи – потенцираше Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img