More

    Таа на пистата се појави речиси целосно гола, но изненадувањата не завршија тука

    spot_img

    На модната недела во Париз, Бела Хадид прошета на модната писта во бели танга и потпетици со целосно гол горен дел.

    Манекенката Бела Хадид (25) застана гола на модната писта во Париз додека дизајнерите ја испрскаа со бел спреј и го искористија за да креираат фустан.

    Публиката ја пречека со голем аплауз и се восхитуваше на нејзината храброст бидејќи на ова не би се согласиле сите.

    Бела застана целосно мирно додека и го нанесуваа спрејот.

    Напорната работа на четворица уметници од француската модна куќа „Коперни“ заврши со миди-фустан без рамена, кој имаше длабок шлиц на дното и одлично ја следеше фигурата на Хадид.

    Лесната шминка и залижаната пунџа додадоа зачин на целата модна изјава.

    Во последното издание манекенката се сврте кон камерите и позираше, за да покаже што точно направиле дизајнерите.

    Во публиката беше најдобрата пријателка на Бела, Кајли Џенер, која внимателно снимаше се на видео.

    Бела во последните години се етаблира како една од најбараните манекенки во светот на модата, а кариерата ја започна во 2016 година и набрзо беше прогласена за модел на годината, што и ја обезбеди првата ревија на Викторија Сикрет.

    Таа одлучи да влезе во светот на модата откако нејзината мајка Јоланда Хадид и сестрата Џиџи создадоа сопствена успешна манекенска кариера.

    Што се однесува до приватниот живот, Бела е во врска со уметничкиот директор Марк Калман, што беше потврдено во јули минатата година, а тогаш се зборуваше дека биле пар околу една година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img