Џејми Герц и официјално е најбогатата актерка во светот.
Иако нејзиното име не е познато на многумина, таа играше улоги во филмовите и сериите „Безгранична љубов“, „Крстопат“, „Џерси девојка“, „Твистер“, „Ургентен центар“, „Али Мекбил“, „Модерно семејство“, „Соседи“, „Ова сме ние“ и други.
Сигурно дека титулата најбогата актерка не ја стекна исклучиво преку актерски ангажмани. Таа и нејзиниот сопруг Тони Реслер се косопственици на НБА тимот „Атланта Хокс“ и малцински сопственици на „Милвоки Биверс“, пишува НМЕ.
Според веб-страницата Celebrity Net Worth, богатството на Џејми се проценува на осум милијарди долари. Иако многумина би претпоставиле дека таа се „омажила богато“, вистината е дека во времето на свадбата, таа заработувала повеќе, а тој една година по свадбата започнал бизнис со своите пријатели, кој со текот на времето, прилично му се исплатил.
Како што се наведува, таа ги плаќала сите нивни одмори и го купила нивниот прв дом во Лос Анџелес.
Овој пар е познат и по своите хуманитарни потфати. Во 2012 година, фондацијата „Giving Beck“ ги прогласи за донатори број еден меѓу сите јавни личности, по рекордните 10 милиони долари од Фондацијата Resler-Gerc, која првенствено се фокусира на уметноста, образованието и здравството.
Актерката е и директор на одборот на „Melanoma Research Alliance“.