More

    СЗО се огласи за новото заболување што се шири во Кина

    spot_img

    Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека кинеските здравствени власти не откриле никакви невообичаени или нови патогени и ги дадоа бараните податоци во врска со зголемувањето на респираторните заболувања и пријавените жаришта на пневмонија кај децата.

    СЗО претходно побара од Кина повеќе информации за недијагностицираната пневмонија која се шири меѓу децата во северниот дел на земјата и ги повика кинеските здравствени власти да преземат мерки за намалување на преносот на болеста Од СЗО побараа и епидемиолошки и клинички информации, како и лабораториски резултати преку механизмот на меѓународните здравствени регулативи.

    Кина, во согласност со правилата, одговори на СЗО во рок од 24 часа.

    Според извештаите, податоците обезбедени од Кина укажуваат дека зголемувањето на респираторните заболувања е поврзано со укинувањето на ограничувањата наметнати поради коронавирусот, со циркулацијата на познати патогени како микоплазма пневмонија, бактеријата која предизвикува инфекција која обично ги погодува помалите деца, а циркулира од мај.

    Одредени кинески медиуми претходно објавија дека детските болници во делови од земјата се полни со болни деца, а во многу училишта наставата е прекината.

    Кинеските власти го припишуваат наглиот пораст на заболувања слични на грип на укинувањето на мерките против коронавирусот, објави претходно Би-Би-Си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img