Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради порастот на случаите на коронавирус во неколку земји пред претстојната зима, јави ДПА.
– За жал, не сите земји пријавуваа случаи, но меѓу оние што ја информираа СЗО, се зголемија приемите во болниците и третманот за ковид-19 во единиците за интензивна нега – изјави денеска во Женева шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој рече дека процентот на вакцинирани луѓе во групите со висок ризик е загрижувачки низок во Америка и Европа.