СЗО бара од Кина реални податоци за бројот на заразени со коронавирус

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

СЗО бара од Кина реални податоци за бројот на заразени со коронавирус
Светската здравствена организација (СЗО) бара од Кина да обезбеди точни и реални податоци во реална временска рамка за епидемиолошката состојба во земјата, со оглед на наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирус и оние кои страдаат од Ковид-19.

Претставниците на СЗО во петокот се сретнаа со претставници на кинеската Национална здравствена комисија и Националната администрација за контрола и превенција на болести, од кои побараа „дополнителни информации за ситуацијата и понудија експертиза со дополнителна поддршка“.

„СЗО ја нагласи важноста од следење и навремено објавување на податоци за да и помогне на Кина и на глобалната заедница да формираат точна проценка на ризикот и да спроведат ефективни одговори“, соопшти организацијата со седиште во Женева.

Ненадејното зголемување на бројот на луѓе заразени со коронавирус во Кина доведе до тоа многу влади да воведат дополнителни барања што кинеските туристи мора да ги исполнат по пристигнувањето во одредени земји.

Само во првите три недели од декември, 248 милиони луѓе од Кина биле заразени, според непотврдени внатрешни проценки.

Share This Article