Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И ПЕТТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ триесет и петтата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.11.2023 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 33-та седница и Записникот од 34-та седница
-
- Предлог-oдлука за усвојување на извештајот за работaтa на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-oдлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.07. – 30.09.2023 година.
- Предлог-oдлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-oдлука за усвојување на извештајот oд работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-oдлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-oдлука за усвојување на извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски Комуналец“ – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на цени за вршење хортикултурни услуги на јавни зелени површини и јавна чистота на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на измена на годишниот план за вработување за 2023 година на ЈП Градски Пазар Охрид.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид за 2023 година за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2023 година за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за спорт и рекреација за 2023 година за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за млади и невладини организации за 2023 година за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2023 година (Н1) за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2023-2025 (НА) за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2023 година (Н2) за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 (НБ) за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2023 година (В1) за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2023-2025 (ВА) за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за здравствена и социјална заштита за 2023 година за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето за 2023 година за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2023 година за периодот од 01.07. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2023 година за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2023 година за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за 2023 година за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2023 година за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2023 година за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2023 година за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2023 година за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2023 година за период од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година.
- Предлог-oдлука за донесување на буџетскиот календар.
- Нацрт-програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2024 година.
- Нацрт-програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2024 година.
- Нацрт-програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2024 година.
- Нацрт-развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2024-2026 година.
- Нацрт-програма за заштита на животната средина и природата за 2024 година.
- Нацрт-годишна програма за спорт и рекреација за 2024 година.
- Нацрт-програма за млади и невладини организации за 2024 година.
- Нацрт-програма за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2024 година.
- Нацрт-програма за реализација на активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето за 2024 година.
- Нацрт- програма за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2024 година.
- Нацрт-програма за еднакви можности на општина Охрид за 2024 година.
- Нацрт-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2024 година.
- Нацрт-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2024-2026 година.
- Нацрт-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2024 година.
- Нацрт-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2024-2026 година.
- Нацрт-годишна програма на општина Охрид за детска заштита за 2024 година.
- Нацрт-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2024-2026 година.
- Нацрт-годишна програма на општина Охрид за социјална и здравствена заштита за 2024 година.
- Нацрт-развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2024-2026 година.
- Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште во 2024 година.
- Нацрт-програма за енергетска ефикасност за 2024 година.
- Нацрт-програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2024 година.
- Нацрт-програма урбана опрема-изградба и одржување за 2024 година.
- Нацрт-програма за други комунални услуги за 2024 година.
- Нацрт-програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2024 година.
- Нацрт-програма за јавно осветлување за 2024 година.
- Нацрт-програма за одржување јавна чистота за 2024 година.
- Нацрт-програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на Нацрт буџетот на општина Охрид за 2024 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2023 година.
- Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за донесување Правилник за утврдување на критериуми за исплата на побарувања кон доверители на општина Охрид по основ на судски и извршни решенија.
- Предлог-одлука за формирање Комисија за заштита на правата на пациентите.
- Предлог-заклучок за усвојување на Информацијата за Физибилити студијата за оправданост за поставување на фотоволтаични централи во општина Охрид.
- Предлог-одлука за започнување на постапка за избор на консултантска куќа (консултант) за изработка на комплетна документација за избор на најповолен модел за поставување на фотоволтаични централи на општинските објекти на подрачјето на општина Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Братство Единство“ – Охрид.
- Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на натоварувач-ровокопач марка „JSB“-сопственост на општина Охрид на ЈП Нискоградба Охрид.
- Предлог-одлука за отстапување на времено користење простор на Здружение на ловците „Охрид“ Охрид.
- Предлог-одлука за отстапување на времено користење простор на Здружение „Воведение 2014“ с. Завој Охрид.
- Предлог-одлука за примање донација за поставување на урбана опрема и зеленило во дворот на ООУ„Братство и единство“ општина Охрид од Халкбанк А.Д. Скопје.
- Предлог-одлука за разрешување член во Надзорниот одбор на ЈП „Водовод“ – Охрид.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за донесувaње детален урбанистички план во УЗ 15, УБ 15.7, Oпштина Oхрид, плански период 2019-2024.
- Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.2 и ГП 1.3 во ДУП измени и дополнување за населба „Радојца Новичиќ“ – Охрид, Блок Детска градинка, општина Охрид донесен со одлука број 07-565/2 од 07.10.1998 година, општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 7.4 во ДУП за дел од УЗ 10 и 11, УБ 10.4 и 11.1 Влашка Маала и Градинар, блок 7 во КО Охрид 2, општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 2.3.30 формирана во ДУП за дел од УЗ 2, УБ 2.3 опфат 2 во КО Охрид 3, општина Охрид.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев