Свежо утро, а сончев и топол ден не очекува денеска, со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 7. Температурите ќе достигнат 33 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер со температура до 31 степен, прогнозира УХМР.Периодот на сончево и топло време со свежи утра ќе продолжи до четврток кога ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.