More

    Светските цени на оризот во јули се највисоки од септември 2011 година

    spot_img

    Светските цени на оризот во јули се највисоки од септември 2011 година, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

    Глобалниот индекс на цените на оризот се зголеми  на месечно ниво  за 2,8 отсто во јули, на 129,7 поени, што е највисоко во последните 12 години.

    Споредено со ланскиот јули цената на оризот се зголеми за 19,7 отсто поради забраната на Индија за извоз на некои видови ориз и неповолните временски услови кои би можеле да влијаат на производството. Владата во Њу Делхи се обидува да го спречи растот на цените на оризот во земјата и да обезбеди доволно залихи.

    -Индексот на цените на оризот на ФАО веројатно ќе биде уште поголем во август отколку во јули – оцени високиот аналитичар на глобалната банка за храна Оскар Тјакра.

    Фото: Pexels

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img