More

    Светските сили во Јапонија преговараат за нови санкции против Русија: на „мета“ е и Кина

    spot_img

    Лидерите на групата Г7 положија венци во јапонскиот град Хирошима, речиси 78 години по нападот со нуклеарна бомба, на почетокот на самитот на кој се очекува да бидат воведени нови санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

    Наследството на Хирошима како прва локација која некогаш била нападната со нуклеарно оружје, додаде важност како предупредување по руската инвазија на Украина и говорот на претседателот Владимир Путин за неговата подготвеност да користи нуклеарно оружје.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски в недела ќе отпатува за Јапонија за да им се придружи на лидерите на напредните светски демократии на нивниот самит во Хирошима, изјави извор од Европската унија.

    Претходно беше најавено дека лидерите на Г7 ќе објават нови санкции против Русија.

    Веќе на почетокот на состанокот во петокот, Британија најави нови санкции против руската рударска индустрија, пред се за алуминиум, дијаманти и бакар, со цел да се намали капацитетот на Москва за финансирање на војната во Украина.

    „Како што покажуваат денеска објавените санкции, Г7 ќе остане обединета пред руската закана и цврста во поддршката за Украина“, изјави британскиот премиер Риши Сунак.

    Во 2021 година Русија извезла дијаманти во вредност од околу 4 до 5 милијарди долари.

    Шефовите на држави и влади на Г7, исто така, треба да разговараат за низа други санкции против Русија, вклучително и американските мерки за ставање на 70 руски и странски ентитети на црната листа на САД.

    Британија, исто така, ќе таргетира дополнителни 86 лица и компании од воено-индустрискиот комплекс на Путин, покрај оние кои се вклучени во енергетската, металната и бродската индустрија, се вели во извештајот.

    Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека Европа ќе воведе санкции и за руските дијаманти.

    Официјални лица сè уште ги разгледуваат деталите од конечната изјава за Русија, како и прецизната формулација во врска со Кина, велат извори од инволвираните земји.

    Русија соопшти дека е подготвена да го искористи својот нуклеарен арсенал за да го одбрани својот „територијален интегритет“ доколку е потребно.

    Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека го избрал градот Хирошима за самитот на Г7 за да го фокусира вниманието на контролата на вооружувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img